Пијани деца во локал во Карпош, осум лица приведени, еден заврши на Токсикологија

Макфакс

01/11/2026

10:50

230

Големина на фонт

а а а

Во локал во Карпош биле затекнати малолетници во видно алкохолизирана состојба, по што осум лица се приведени, а едно лице било пренесено на Клиниката за токсикологија за укажување лекарска помош.

Осум лица биле приведени во Полициската станица Карпош по контрола во угостителски објект во оваа скопска општина, каде што биле затекнати малолетници во видно алкохолизирана состојба.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, контролата била извршена вчера (1 ноември), по претходно добиени сознанија дека во објектот се точи алкохол на малолетни лица.

При контролата, полициските службеници од СВР Скопје и Единицата за внатрешни работи и криминалистички работи Карпош затекнале малолетници во видно алкохолизирана состојба. Осум лица биле приведени во полициската станица, а алкотестирањето покажало присуство на алкохол во организмот кај сите нив.

Едно од лицата затекнати во угостителскиот објект било пренесено на Клиниката за токсикологија при Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, каде што му била укажана лекарска помош.

Од МВР посочуваат дека по целосното документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава согласно член 204 од Кривичниот законик, кој се однесува на „Точење алкохолни пијалаци на малолетници“.