[ВИДЕО] Кинезите подготвуваат лимузина од 300.000 долари: Може ли да го загрози „Rolls-Royce“?

Точка

31/10/2026

09:29

687

Големина на фонт

а а а

„BYD Yangwang Altior“ ќе им биде ривал на моделите „Rolls-Royce Ghost“ и „Mercedes-Maybach“ од С-класата.

Кинескиот производител „BYD“ подготвува нов луксузен модел што би требало да се натпреварува со најпрестижните лимузини во светот. „Yangwang Altior“, претходно познат под интерната ознака „HU“, ќе ја има својата светска премиера на 5 ноември во Дубаи.

Името „Altior“ потекнува од латински збор што значи „повисок“, што симболично ја означува амбицијата на брендот да се позиционира над своите досегашни предводници, моделите „Yangwang U8“ и „U9“.

Изборот на Дубаи не е случаен, бидејќи Блискиот Исток е еден од важните пазари за „Rolls-Royce“. „BYD“ засега објави само фотографија и кратко видео, но тие откриваат неколку интересни детали.

Лимузината има сензор „LiDAR“ на покривот, големи хромирани тркала и задни врати што се отвораат наназад, решение карактеристично за автомобилите на „Rolls-Royce“.

Предниот дел со својот дизајн потсетува на теренецот „Yangwang U8“, што укажува на заеднички визуелен идентитет на моделите од овој бренд.

Техничките карактеристики сè уште не се официјално објавени.


Долга 5,5 метри, со цена од околу 300.000 долари

Според неофицијални информации, „Yangwang Altior“ е долг околу 5,5 метри, со меѓуоскино растојание од 3,35 метри.

Таквите димензии го вбројуваат меѓу најголемите луксузни лимузини и го доближуваат до моделите како „Rolls-Royce Ghost“ и „Mercedes-Maybach“ од С-класата.

Кинеските медиуми и одделни извештаи од Малезија наведуваат дека цената би можела да изнесува околу два милиона јуани, односно приближно 300.000 долари. „BYD“ сè уште не ја потврдил оваа информација.


На кинескиот пазар автомобилот ќе се продава под името „Dingyao“, додека „Altior“ е називот наменет за меѓународните купувачи.

Засега нема официјални податоци за погонскиот систем, капацитетот на батеријата ниту за вкупната моќност. Останува отворено прашањето дали моделот ќе користи унапредена верзија на хибридниот систем од „Yangwang U8“ или целосно нова технологија.

Повеќе детали за опремата, погонскиот склоп и цената се очекуваат по премиерата во Дубаи.