Кој е профилот на луѓето што купуваат на Black Friday — и што купуваат?

Точка

30/10/2026

11:39

134

Големина на фонт

а а а

Black Friday насекаде во светот е веќе со години етаблиран како ден на најголемите шопинг заштеди во годината. Чувството дека понудата е ограничена, стравот да не пропуштиме добар производ и влијанието на другите купувачи, често нé поттикнуваат да купуваме повеќе кога цените се намалени.

Така, она што започнува како една планирана набавка кај едни, кај други купувачи лесно може да се претвори во полна кошничка со производи кои ги чекале на вистински намалена цена речиси цела година. Можеби затоа Black Friday не создава еден, туку неколку различни профили на купувачи.

Стратегот

Ова е потрошувачот кој планира со недели, а понекогаш и со месеци однапред. Тој знае што сака да купи, ги следи цените и го чека вистинскиот момент. Најчесто станува збор за електроника, домашни апарати или производи со поголема вредност. За него Black Friday е рационална и финансиска одлука. 

Ловецот на зделки

Тој не бара конкретен производ. Бара чувство на победа. Психолозите одамна утврдиле дека вистински намалената цена предизвикува задоволство слично на она што го чувствуваме кога освојуваме награда. За овој тип купувачи процесот е речиси подеднакво важен како и производот што го купуваат. 


Празничниот организатор

Неговата кошничка обично е полна со подароци. Додека повеќето мислат на себе, овој профил купува за семејството, пријателите и колегите. Black Friday за него е старт на сезоната на новогодишно подарување.

Дигиталниот купувач

Можеби најинтересниот профил денес е оној кој воопшто не оди во продавница. Тој не стои во редици, не бара паркинг место и не трча низ трговските центри. Наместо тоа, седи дома со кафе во рака и со неколку кликови споредува производи, чита рецензии и ги следи цените во реално време. За оваа група, удобноста е подеднакво важна како и самиот попуст.

Токму затоа онлајн купувањето бележи континуиран раст. Удобноста, заштедата на време и можноста лесно да се споредат производи и понуди се меѓу главните причини поради кои сѐ повеќе потрошувачи избираат да купуваат онлајн. Платформи како Ananas им овозможуваат на едно место да пребаруваат илјадници производи, да споредуваат понуди и да купуваат кога ним им одговара.

Некои бараат сигурност и добра инвестиција. Други адреналин и чувство дека успеале да „уловат“ нешто вредно. Трети избираат удобност наместо редици и метеж. А можеби најголемата промена последниве години е токму оваа: Black Friday постепено се пресели од трговските центри кон екранот.

На крајот, Black Friday не е само приказна за попусти. Тој е огледало на нашите навики, мотивации и начинот на кој технологијата го менува купувањето. Она што некогаш значеше турканици пред продавниците, денес сè почесто значи пребарување, споредување, заштеда и купување со неколку кликови од удобноста на домот. Едноставно: Клик! Бум! Трас! 

Комерцијален текст