Новогодишна магија во Крива Паланка, плоштадот блесна во илјадници светилки

Макфакс

28/11/2026

10:04

168

Големина на фонт

а а а

Празнична атмосфера на плоштадот во Крива Паланка го означи почетокот на предновогодишните случувања со илуминации и декорации, најавувајќи богата празнична програма за граѓаните.

Празнична атмосфера и новогодишна магија го исполнија плоштадот во Крива Паланка, каде што илјадници светилки и насмеани детски лица го означија почетокот на предновогодишните случувања во градот.

Градоначалникот Сашко Митовски сподели фотографии од празничната декорација, заблагодарувајќи им се на граѓаните кои со своето присуство придонеле за топлата и весела атмосфера.

Тој најави дека украсувањето и првите празнични случувања се само почеток на предновогодишната програма, со која Крива Паланка треба да се претвори во вистинска новогодишна бајка.