Зеленски призна дека Украина не ги координирала со европските партнери нападите врз руски бродови во Либија

Макфакс

28/11/2026

10:01

249

Големина на фонт

а а а

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, го призна недостатокот на координација со европските партнери при нападите на руски бродови во Либија и изјави дека е подготвен за комуникација и споделување информации со сојузниците.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски потврди дека Украина не ги известила однапред европските партнери за операцијата против руски бродови во Либија.

Во телефонски разговор со италијанската премиерка Џорџа Мелони, Зеленски признал дека нападот бил изведен без претходна координација со европските сојузници. Притоа, тој нагласил дека Украина е подготвена да ги споделува сите потребни информации и да одржува редовна комуникација со партнерите.

Зеленски претходно соопшти дека украински поморски беспилотни летала ја потопиле руската корвета „Меркуриј“ во пристаништето Бенгази, во Либија, и го погодиле товарниот брод „Ангара“, за кој Киев тврди дека Русија го користела за транспорт на оружје.

Италијанската премиерка Мелони претходно предупреди дека војната не смее да се прошири и на Средоземното Море.