Добри вести пристигнуваат од Минхен! Венсан Компани, тренерот на Баерн, е отпуштен од болница откако му се слоши за време на тренинг минатиот петок. Белгискиот стручњак сега ќе го продолжи закрепнувањето дома, со одмор и терапија.
Информацијата ја потврди спортскиот директор на Баерн, Макс Еберл, кој истакна дека ова е големо олеснување за сите во клубот.
„Отпуштен е од болница и тоа е најголемата и најдобрата вест за сите нас“, порача Еберл, пренесуваат германските медиуми.
🚨🚨| Vincent Kompany will not return to the Bayern bench before the international break.
He will continue to rest and take his medication and will definitely miss Dortmund and Atlético Madrid.
[@BILD] https://t.co/DX9x8sZS0n
— Kalshi FC (@KalshiFC) October 29, 2026
Позната е причината за здравствените проблеми
На Компани му се слоши на 23 октомври, додека го следел тренингот на вториот тим на Баерн. По инцидентот бил префрлен во болница, каде што бил задржан за детални медицински прегледи.
Според информациите што ги објави клубот, белгискиот тренер претходно се борел со вирусна инфекција. Спортскиот директор на Баерн дополнително појасни дека причината за инцидентот била иритација на мозочните обвивки.
Четириесетгодишниот стручњак сега закрепнува во домашни услови, а приоритет е целосно да закрепне пред да им се врати на професионалните обврски.

Кога Компани ќе се врати на клупата?
Иако вестите за излегувањето од болница се охрабрувачки, Баерн сè уште не објави точен датум за неговото враќање.
Обврските на Компани во меѓувреме ги презедоа членовите на стручниот штаб, предводени од помошниот тренер Арон Денкс. Тој го водеше тимот и на претходните натпревари, додека првиот тренер закрепнуваше.
Баерн во средата, на 28 октомври, го совлада Магдебург со 6:1 во Купот на Германија, а екипата ќе продолжи да работи според планот на стручниот штаб.
Од клубот порачуваат дека нема да брзаат со враќањето на Компани.













