Министерството за одбрана: Реформата за професионалните војници кои навршуваат 45 години веќе ги дава првите позитивни резултати

Макфакс

29/10/2026

11:10

117

Големина на фонт

а а а

Реформата во Министерството за одбрана за професионалните војници кои навршуваат 45 години носи позитивни резултати и трајно решение за нивниот работен статус, овозможувајќи продолжување на кариерата како цивилни лица до пензионирањето.

Реформата во одбраната веќе ги дава првите позитивни резултати, носејќи сигурност и трајно решение за нашите професионални војници.

Денеска во Министерството за одбрана беа потпишани договори за вработување со професионални војници кои навршуваат 45 години возраст, како цивилни лица во Министерството чиј статус ќе се трансформира во цивилни лица во македонската Армија.

Нов начин за продолжување на службата

Денешното потпишување договори е токму резултат на реформата која професионалните војници претходно не беа во можност да ја користат. Војниците кои денеска ги потпишаа договорите за вработување на неопределено време, претходно планираа да заминат со финансиски надомест (испратнина). Наместо да ја напуштат службата, тие по 45-тата година ќе продолжат да работат како цивилни лица сè до нивното пензионирање, велат од Министерството за одбрана.

Крај на неизвесноста

Оваа суштинска реформа која е резултат на заедничката работа со претставниците на синдикалните здруженија и со Генералштабот, по повеќе децении става крај на неизвесноста и на професионалните војници им отвора нова, дополнителна можност — трансформација на работниот статус од определено на неопределено време.

Опции за професионалните војници

Притоа, досегашните законски опции, како испратнината во висина од две просечни плати во државата за секоја помината година во Армијата, како и префрлањето во органите на државната и локалната власт, и понатаму остануваат во сила за оние кои тоа ќе го изберат.

Поддршка и признание

Ставот на Министерството за одбрана и Генералштабот е едногласен: не постои подобар, поискусен и пообучен персонал за извршување на задачите од луѓето кои го поминале својот работен век во Армијата. Професионалните војници се еден од столбовите на нашата безбедност и ова е вистинскиот начин државата да им се оддолжи за нивниот придонес, се наведува во соопштението на Министерството за одбрана.