Амброзини со совет до младата ѕвезда на Милан: Треба да си замине, нека пример му биде…

Дерби

27/10/2026

14:55

332

Големина на фонт

а а а

Масимо Амброзини е човек кој најголемиот дел од играчката кариера го мина носејќи го дресот на Милан и тоа во период во кој освои многу пехари на домашната сцена, но и два трофеи во Лигата на шампионите.

Сега „росонерите“ се далеку од тие времиња, сезонава повторно градат нешто ново и тоа под водство на Рубен Аморим и останува да се види како ќе заврши оваа приказна. Тоа што е јасно е дека некои играчи се мачат, не ја добиваат посакуваната минутажа и пример за тоа е талентираниот Франческо Камарда.

Камарда уште како тинејџер дојде до деби за сениорите и тоа откако растури во младите категории, 485 гола на 89 натпревари. Меѓутоа ова е друго ниво, тој минатата сезона ја мина на позајмица во Лече каде дојде и до првиот гол во Серија А, но и таму беше стартер на само седум средби.

Сега одново е дел од „црвено-црните“, ама ретко добива шанса, има одиграно само 9 минути во Калчото и тоа за Амброзини е јасен сигнал дека напаѓачот треба да си побара нова средина, средина каде редовно ќе игра ќе се развива.

Масимо за пример го зема Николо Треселди од Бриж кој е вистински хит и само прашање е на време кога ќе направи топ трансфер.

- Кога го гледам Тресолди, на ум ми паѓа Камарда. Му треба одредено ниво на искуство. За мене, Тресолди не е „шампион“, но би можел да стане. Изгледа многу подобро од Камарда, кој треба да оди и да игра некаде пореално, како Бриж, и да има поинакво искуство.

- За мене, оваа година, тој не мораше да остане, туку мораше да игра. Не мора во Италија, можеби дури и во странство. Во Милан, знаете дека Гонсало Рамос ќе игра 80% од натпреварите. А, кога има можност и не ви даваат улога, сè станува јасно. Тој навистина не игра две години, одигра еден натпревар во Лигата на Европа за Милан. Да му бев пријател, ќе му кажев да оди и да види дали има тим во Белгија или Холандија што игра на одреден начин.

- Тој треба да стекне самодоверба, да расте и да се навикне да игра 30 натпревари на високо ниво во сезона. Оди и играј. Потоа, ако Милан верува во тебе, ќе те задржат и ќе се вратиш како поинаква личност. Ако останеш таму, ќе те нарекуваат замена на Рамос и ќе те пуштат да играш само во Лигата на Европа, можеби повремено во лигата, - вели поранешниот италијански репрезентативец.