Хит! Конор Мекгрегор им дал слободен ден на 400 вработени за да можат да играат „GTA 6“!

Точка

19/11/2026

14:04

1.119

Големина на фонт

а а а

Поранешниот шампион на „UFC“, Конор Мекгрегор, решил да ги израдува вработените во своите компании на прилично необичен начин. Ирецот соопштил дека на сите вработени им дал слободен ден за да можат да уживаат во долгоочекуваната видеоигра „GTA VI“ („Grand Theft Auto VI“), која денеска официјално излезе.

Мекгрегор, кој покрај боречката кариера се занимава и со бројни бизниси, ја објавил својата одлука во средата навечер на социјалната мрежа „X“, помалку од 12 часа пред излегувањето на популарната игра.

Според неговите зборови, во компаниите што ги поседува се вработени околу 400 луѓе, распоредени во различни држави и на неколку континенти. Сите добиле иста порака — денеска не мора да доаѓаат на работа.


„Во чест на утрешното излегување на ’GTA‘, го известувам целиот мој тим, 400 луѓе во различни држави и на различни континенти, дека утре имате цел слободен ден! Уживајте во играта! Вашиот пријател, шефот Конор Мекгрегор Сениор“, напишал поранешниот шампион на „UFC“ во средата навечер, само неколку часа пред официјалното излегување на играта.


Набргу потоа, Ирецот покажал дека и самиот со нетрпение го очекува излегувањето на играта. На социјалните мрежи објавил снимка од своето катче за играње видеоигри, а на екранот можело да се види одбројувањето до моментот кога „GTA VI“ ќе стане достапна.