Хари Кејн остави зад себе нестварна сезона во која постигна дури 73 голови, а откако ја доби „златната копачка“ поради неверојатната гол-статистика, Англичанецот ја дочека најубавата ноќ во кариерата кога се индивидуалните награди во прашање.
Кејн мораше да чека многу за својата прва титула во кариерата и до таков успех дојде како член на Баерн Минхен, а три години подоцна, Англичанецот стана и најдобар играч во светот.
Хари вчеравечер во Лондон беше избран за најдобар светски голгетер и најдобар фудбалер за 2026-та година, па добиената „Златна топка“ го однесе на највисокото место на пиедесталот во светски рамки.
Кејн доживеа нешто за кое сонува секое дете, а во моменти кога добива честитки од сите страни, интересна за издвојување е и пораката од тетовска Шкендија која во минатото го имаше Хари како свој ривал.
– Горди сме што нашите патишта се вкрстија со победникот на „Златната топка“! Честитки, Хари Кејн, – порачаа од Шкендија.








