Која е сопругата на Хари Кејн: Таа го привлече вниманието на доделувањето на Златната топка

Точка

27/10/2026

12:21

596

Големина на фонт

а а а

Заслужено! Хари Кејн ја освои Златната топка за 2026 година, а на свечената церемонија во Лондон поддршка му даде сопругата Кејти Гудланд, со која е во врска уште од тинејџерските денови. Нивната љубовна приказна започнала многу пред англискиот напаѓач да стане една од најголемите ѕвезди на светскиот фудбал.

Кејн и Кејти се запознале кога имале само четири години, бидејќи заедно го посетувале основното училиште Ларксвуд во лондонски Чингфорд. Пораснале во истото соседство, а пријателството од детството прераснало во љубов кога имале 16 години.


Двојката се свршила во 2017 година на Бахамите, а две години подоцна го изговориле судбоносното „да“. Денес имаат четири деца, Ајви, Вивиен, Луис и Хенри, и живеат во Минхен, каде што Кејн од 2023 година настапува за Баерн.

Англискиот напаѓач претходно зборувал колку му значи тоа што ја пронашол љубовта уште во младоста и што заедно поминале низ различни животни фази.


„Имав среќа да ја пронајдам љубовта уште во детството. Таа отсекогаш сакаше да се занимава со свои работи. Заврши факултет и вредно работеше. Имам прекрасно семејство што ме држи цврсто на земја и кое, исто како и јас, напорно работеше за да стигнам таму каде што сум денес“, изјавил Кејн.


Која е Кејти Гудланд?

Кејти дипломирала спортски науки на Универзитетот Мидлсекс во 2014 година, а потоа почнала да работи како фитнес-инструкторка и личен тренер. Покрај професионалните обврски, посветена е и на семејството.


Семејството Кејн од 2023 година живее во Минхен, откако англискиот репрезентативец потпиша четиригодишен договор со Баерн, вреден, според медиумските проценки, околу 104 милиони фунти. Нивниот дом се наоѓа во дел од градот што често се нарекува „баварски Холивуд“, со поглед кон реката Изар.