Јувентус им се врати на победите во италијанскиот шампионат и тоа на гостувањето на „Виа Дел Маре“ каде беше совладан Лече со 2-0.
„Бјанконерите“ двата гола ги постигнаа во првиот дел преку МекКени и Даглас Луиз за кого ова воедно беше прв погодок во дресот на калчолигашот. Во второто полувреме Јуве повторно покажа слабости, ама за нивна среќа домаќинот не ги искористи и се освоија трите планирани бода.
- Играчите одиграа многу добар натпревар во однос на темпото и отвореното играње. Малку паднавме во однос на контролата во второто полувреме, а потоа сè стана потешко бидејќи имавме помалку храброст. Требаше да ги правиме истите работи како и во првото полувреме, - истакна тренерот Лучано Спалети кој за ова соочување направи некои тактички промени и поместувања.
- Разговаравме за тоа што ни треба најмногу. Променивме нешто на тактичко ниво играјќи со тројца играчи од средниот ред, бидејќи во вакви моменти ви треба повеќе цврстина и јасност и ние го направивме најлогичното нешто. Но, потоа мора да ги поставите играчите на позиции каде што се снаоѓаат добро, а тоа значи исклучување на крилните играчи кои претходно се снаоѓале добро за нас.
- Го пронајдовме овој систем, кој носи цврстина, и сме задоволни од тоа бидејќи веднаш видовме подобри тимски перформанси. Во второто полувреме, сепак, се чинеше дека се вративме наназад, - дополни Спалети.
Пред Јувентус е ново гостување, средба со поранешениот клуб на Горан Пандев-Џенова.







