Вардар 1961 ги загуби шансите за пласман во следната фаза на Лигата на шампионите, но тоа воопшто не донесе опуштање кај македонскиот првак кој минатата седмица го разби Нант и тоа на негов терен во Франција.
Во среда „црвено-црните“ се домаќините на бундеслигашот Мелсунген, тим кој во првото соочување во Касел ги доби со 33:31. Сега скопскиот тим посакува реванш и победнички крај на настапот во елитното натпреварување за оваа кампања
- Пред нас е уште еден натпревар во ЕХФ Лигата на шампионите и, за жал на сите нас, последен сезонава во ова натпреварување. Одигравме пет натпревари, а ни останува уште еден. МТ Мелсунген сигурно доаѓа во Скопје решен да се бори за место во главната фаза.
- Моето размислување е многу едноставно. По двата пораза во ‘Јане Сандански’, сега станува збор и за нашата гордост и чест. Оваа сала и нашите навивачи, кои нè поддржуваа на највисоко ниво на двата домашни натпревари во Лигата на шампионите, заслужуваат да го завршиме настапот со победа. Сакаме да победиме не само за клубот и да ја продолжиме победничката серија, туку пред сè за да им возвратиме на навивачите – луѓето што секогаш се зад нас и постојано ни даваат дополнителна сила.
- Победивме во Нант и, дај Боже, ако во среда го совладаме и Мелсунген, тоа ќе биде награда и за навивачите кои никогаш не се откажуваат од нас. Пред нас е целата сезона во македонското првенство, регионалната лига и ЕХФ Европската лига. Сакаме салата и понатаму да биде исполнета, а Вардар и нашиот домашен терен повторно да станат тврдина, - порача тренерот Иван Чупиќ.
Средбата Вардар-Мелсунген се игра в среда од треминот 18:45 часот.







