Спорен момент: Фантомски гол во Франција, реагираше и легендарниот Џибрил Сисе

Дерби

26/10/2026

14:10

275

Големина на фонт

а а а

Оксер и Ле Ман одиграа без победник 1-1 во средбата од осмото коло во првата француска лига.

Меѓутоа ова беше средба која беше одбележана од еден контроверзен, според момент на стартот на вториот гол, ситуација при која гостите поведоа со 1-0.

Се играше 48 минута кога Буадес биеше со глава, домашниот голман Нарди имаше интервенција, но прашањето беше дали топката ја мина гол линијата, односно реакцијата беше навремена.

На прва изгледаше дека сè е во ред, Оксер тргна во контра напад и таман дојде до средината на теренот се слушна свирчето од главниот судија кој покажа дека добил сигнал дека е постигнат гол и покажа на центарот.

Технологијата покажува дека топката целосно ја минала гол линијата, ама дали е тоа така е знак прашање особено по видеото кое од друг агол го сподели некогашниот напаѓач на Оксер и поранешен француски репрезентативец Џибрил Сисе.