Во Скопје, 31-годишна жена пријавила дека нејзиниот сопруг физички ја нападнал нивната малолетна ќерка и им упатил закани на двете. Полицијата најавува поднесок по документирање на случајот.
Вчера во 12:00 часот во СВР Скопје, 31-годишна жена од Скопје пријавила дека нејзиниот сопруг И.А. (35) физички ја нападнал нивната малолетна ќерка и им упатил закани на двете.
По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок, соопшти полицијата.








