Ханси Флик го нагласи најголемиот квалитет на Реал и порача: Ни недостасуваше една важна алатка

Дерби

26/10/2026

12:38

246

Големина на фонт

а а а

Ханси Флик сигурно ќе извлече поуки од вториот пораз во низа кој го претрпе Барселона, особено поради тоа што истиот пристигна од уште еден голем ривал во исклучително важно дерби како „Ел Класико“.

Барса во период од неколку дена загуби од ПСЖ и Реал Мадрид, а првиот пораз во Ла Лига значи дека најголемиот ривал Реал Мадрид дојде на само минус три од табелата.

Каталонците имаа за цел да замина на комотни „плус девет“ уште пред месец ноември, но четата на Мурињо имаше други планови и режираше студен туш за шампионот, и тоа во вид на слатка победа во самата завршница.

– Претрпевме два порази во низа и не сме задоволни. Постои разочарување, особено поради првото полувреме кое не беше добро. Се подобривме во вториот дел, но ни недостасуваше една важна фудбалска работа. Ни недостасуваше свежина и не можевме да направиме посакуван притисок. Сепак, ова е само прв пораз во Ла Лига по девет победи по ред. Може да се случи такво нешто, поразите се дел од овој спорт. Важно е да не паднеме после ова, да го прифатиме поразот и да продолжиме напред, – изјави Флик кој го нагласи играњето без топка како најголем квалитет на Реал.

– Беше јасно дека играме против многу квалитетен противник, кој игра одлично без топка. Ни недостасуваше важна алатка како што е свежината, од натпреварот со Бетис немавме лесен период. Треба да одмориме и да одговориме на овој пораз. И сигурен сум дека ќе го сториме тоа. Кога ќе загубите, тоа не значи дека сè тргнало наопаку. Има уште многу да се игра, а вакви работи се случуваат. Ова треба да нè поттикне на размислување и подобрување.    

– Не верувам дека овој пораз ќе создаде сомнежи во тимот. Сите ја разбираат ситуацијата. Денес не одигравме особено добро, но големите натпревари често се одлучуваат од ситни детали. Токму тие детали прават разлика, а денес среќата не беше на наша страна, – изјави Флик.