Мурињо: Реал не игра за да победи на „Камп Ноу“, туку…

Дерби

26/10/2026

12:09

352

Големина на фонт

а а а

Реал Мадрид издвојува победа над Барселона од 2-1 во првото „Ел Класико“ во тековната сезона, победа која е од огромно значање за тимот од шпанската престолнина.

Добро поставениот и организиран Реал успеа да ги освои трите бода на „Камп Ноу“ и сега е на само три бода од лутиот ривал што е јасна порака дека не очекува супер трка за пехарот во која не смее да се заборави и Атлетико Мадрид кој е на второто место на табелата.

Жозе Мурињо се израдува на триумфот, но и испрати предупредување до неговите играчи да не летаат во облаци.

- Ова е голема победа, но кога ќе се вратиме на работа, нема да дозволам никој да лета во облаци. Ако победиме денес и изгубиме на Ел Сардинеро [на гости кај Расинг Сантандер следниот викенд], Реал Мадрид не игра за да победи на Камп Ноу, туку за да ја освои лигата. Мора да продолжиме.

- Мислам дека беше одличен натпревар. Натпревар на високо ниво, натпревар кој светот што го сака фудбалот застана да го види, и не беа разочарани… Во нашиот случај, момците одиграа извонреден натпревар, добро организиран, фокусиран, со многу храброст. За мене ова е голема победа за момците, против одличен противник. Момците го заслужуваат тоа, - порача Португалецот.