Арсенал освои бод на вчерашното гостување кај Баерн Минхен во Лигата на шампионите, но може да плати и скапа цена за солидниот резултат против квалитетниот ривал.
Букајо Сака се пожали на повреда која ја заработи без дуел со противнички играч и беше заменет уште во почетниот дел од натпреварот, а менаџерот Микел Артета ги загрижи фановите со првиот коментар за состојбата на англискиот репрезентативец.
– Лекарскиот тим е загрижен.
– Никогаш не е добра вест кога еден фудбалер добива толку силна болка без удар, но остануваме да почекаме за повеќе информации, – рекол Артета.
– Не изгледа добро, – потенцирал шпанскиот менаџер нешто подоцна, односно на прес-конференцијата во Минхен.








