Дончиќ и Лејкерс пресилни за Кари, Мајами понижен на дебито на Адетокумбо

Дерби

22/10/2026

11:19

94

Големина на фонт

а а а

Лос Анџелес Лејкерс ја отвори новата ера без Леброн Џејмс со сигурна победа (127:105) во калифорнискиот дуел со Голден Стејт, а Лука Дончиќ беше најдобар реализатор во победничката екипа.

Словенецот влезе во новата сезона со солиден ефект, односно 28 поени, 8 скокови и 7 асистенции, а имаше одлична поддршка и од Кеслер и Ривс, кои го завршија дуелот со 26, односно 23 поени.

Ветеранот Стеф Кари со 23 поени ги предводеше реализаторите кај гостинскиот тим, кој не најде начин да избегне негативен резултат на отворањето на новата сезона.

Фановите на Мајами со нетрпение очекуваа да го видат дебито на Јанис Адетокумбо во неговиот нов клуб, но грчкиот репрезентативец и неговите колеги беа прегазени на домашен терен од Минесота.

Тандемот Едвардс-Бол функционираше одлично, двете ѕвезди испорачаа и 14 тројки, за на крајот Едвардс да заврши со 45, а Бол со 21 поен.

Адетокумбо реализираше 35 поени, но тоа не беше доволно за позитивен резултат на првиот настап во својот нов тим.

Торонто оствари убедлива победа над Чикаго, а повратникот Каваи Ленард постигна 23 поени на оваа средба.

Орландо – Атланта 125:132

Вашингтон – Милвоки 128:116

Бруклин – Шарлот 103:110

Мајами – Минесота 106:131

Торонто – Чикаго 135:92

Мемфис – Јута 123:103

Њу Орлеанс – Индијана 120:123

Хјустон – Далас 128:110

Л.A Лејкерс – Голден Стејт 127:105

Портланд – Фeникс 124:83

Л.A Клиперс – Сакраменто 121:96