Објавена листа на најпријателски настроените земји во Европа

Макфакс

22/10/2026

09:50

107

Големина на фонт

а а а

Во 2026 година Ирска е прогласена за најпријателска европска земја според гласовите на читателите на туристичкото списание „Condé Nast Traveller“. Во листата на најпријателски настроени земји се истакнуваат и Португалија, Италија, Грција и Шпанија.

Ирска е прогласена за најпријателска европска земја во 2026 година, според читателите на реномираното туристичко списание „Condé Nast Traveller“.

Рангирањето е составено врз основа на 300.000 гласови дадени од читателите во рамките на годишните награди „Readers’ Choice Awards 2026“ („Избор на читателите“), кои ги истакнуваат омилените дестинации и туристички искуства на патниците.

Според резултатите од гласањето, најпријателска европска земја во 2026 година е Ирска, веднаш зад неа е Португалија. Италија го зазеде третото место, Грција четвртото, а Шпанија петтото.

Турција се најде на шестото место, по неа е Естонија на седмото, додека осмото место ѝ припадна на Словенија. Хрватска го зазеде деветтото место, а Австрија ја заокружува листата на десетте најпријателски настроени европски земји.

Наградите „Readers’ Choice Awards“ се годишни признанија што ги доделува списанието „Condé Nast Traveller“, при што читателите гласаат за своите омилени дестинации и патувачки искуства. За разлика од рангирањата засновани на статистички показатели, овој избор ги одразува впечатоците и личните искуства на патниците.