Во Франција потврдена првата зараза со вирусот Шамонда кај човек, пациентот починал

Макфакс

22/10/2026

13:11

89

Големина на фонт

а а а

Во Франција е потврден првиот случај на зараза со вирусот Шамонда кај човек, при што пациентот починал. Вирусот, кој претходно се сметал дека не се пренесува на луѓе, припаѓа на ортобунијавируси и главно влијае на добитокот, но сега е регистриран и кај човек.

Во Франција е потврден првиот случај на зараза со вирусот Шамонда кај човек. Пациентот кај кого бил откриен вирусот во меѓувреме починал, соопштија француските здравствени власти, нагласувајќи дека во оваа фаза нема опасност за општата популација.

Вирусот Шамонда припаѓа на групата ортобунијавируси што се пренесуваат преку инсекти. Првенствено го погодува добртот, особено говедата, а го пренесуваат ситни мушички што касаат.

Првпат бил идентификуван во Нигерија во средината на 1960-тите години, а оттогаш повремено бил регистриран кај животни во Африка и Јапонија. Во текот на оваа година вирусот се проширил во неколку европски земји.

Според француската влада, досега се сметало дека овој вирус не се пренесува на луѓе.

Главната претпоставка е дека пациентот се заразил во источниот дел на Франција, каде што вирусот циркулирал меѓу животните во текот на пролетта и летото 2026 година.