[ВИДЕО] Читачка од усни откри што му „одбрусил“ султанот на кралот Чарлс: Наместо љубезност, го дочекал „студен туш“

Точка

21/10/2026

20:22

1.105

Големина на фонт

а а а

Кралот Чарлс II во вторникот, во придружба на највисоките членови на кралското семејство, го пречекал султанот на Оман, Хајтам ибн Тарик ел Саид во замокот Виндзор.

Во вистински британски стил, додека врнел ситен дожд, членовите на кралското семејство се собирале во замокот за да го пречекаат султанот, кој пристигнал во официјална посета.

Додека кралот поради дождот побарал засолниште под чадор, султанот изгледал целосно рамнодушен, како дождот воопшто да не му пречел.

Во својот препознатлив, гостопримлив манир, кралот му понудил на султанот да се засолни под неговиот чадор.


Султанот ја одбил понудата, што, според толкувањето на експертка за читање од усни, го поттикнало Чарлс да даде духовита забелешка од четири зборови: „Сакаме да останеме суви.“

Анализирајќи го разговорот меѓу двајцата монарси за време на церемонијата, експертката за читање од усни Никола Хиклинг за „Дејли експрес“ открила што, според нејзиното толкување, било кажано.

Кога кралот му го понудил својот чадор, султанот наводно одговорил: „Не, не врне силно“.

Потоа, според анализата, ги превртел очите.

Кралот потоа рекол: „Многу добро“, а потоа додал духовита забелешка: „Ние сепак сакаме да останеме суви.

Султанот на Оман му возвратил со зборовите: „Вие сте навикнати на тоа“, на што Чарлс се согласил: „Навистина сме навикнати“.



Државната посета, во чии рамки во замокот бил организиран и раскошен свечен банкет, претставувала историски значаен настан за британското кралско семејство.

Станува збор за првата државна посета на омански монарх на Обединетото Кралство од 1982 година, кога кралицата Елизабета Втора го угостила султанот Кабус бин Саид.


На настаните присуствувале највисоките членови на кралското семејство, меѓу кои кралот Чарлс, кралицата Камила, принцот Вилијам и принцезата Кејт.

На церемониите присуствувале и принцезата Ана, како и војводата и војвотката од Глостер.