Карвахал дебитираше за Хетафе и „кумуваше“ за примениот гол: Не е лесно да се игра против него

Дерби

20/10/2026

12:12

231

Големина на фонт

а а а

Дани Карвахал остави добар впечаток на технички план на дебито кое го имаше за Хетафе во Ла Лига, но од физичка гледна точка, евидентно е дека легендарниот капитен на Реал Мадрид не е во посакувана форма.

Десниот бек имаше навистина тешка задача против супер брзиот Алваро Гарсија, меѓутоа вреди да се напомене дека тој и неговите соиграчи на крајот успеаја да се изборат за реми, иако добар дел од натпреварот го играа со човек помалку.

Каравхал „кумуваше“ за голот кој го постигна Рајо Валјекано во ремито со резултат 1:1 и дозволи Гарсија лесно да го „прелета“ по неговата страна, а по средбата призна дека му било доста тешко да игра против таков брз фудбалер во ситуација кога е надвор од натпреварувачки ритам.

– Ова е прв натпревар за мене во пет месеци, а уште полошо беше тоа што за ривал го имав Алваро Гарсија кој е исклучително брз. За да биде покомплицирано, игравме и со играч помалку на теренот.

– На крајот имав грчеви и самиот побарав измена од тренерот. Рано е да се суди, но среќен сум што се вратив на теренот и што уживав. Ќе биде потребно малку време, нои ќе се вратам во ритам со напорни тренинзи и натпревари во нозете. Среќен сум што повторно играм фудбал и што сум тука да им помогнам на новите соиграчи, – изјави Карвахал.

Спринтот кој заврши со гол по страната на Карвахал погледнете го ТУКА.