Свлечиште во нелегален рудник за злато во Колумбија предизвика загинување на најмалку 14 лица и повредување на седуммина. Несреќата се случи во југозападниот регион Нарињо, каде нелегалната трговија и присуството на криминални групи го отежнуваат спасувањето.
Најмалку 14 лица загинаа, а седум се повредени при свлечиште во нелегален рудник за злато во југозападниот дел на Колумбија, јавува.
Бројот на жртвите го потврди Алекс Гонзалес, секретар за мир и безбедност на департманот Нарињо, кој соопшти дека потрагата по преживеани е завршена.
На социјалните мрежи се појавија снимки на кои се гледа како луѓе со помош на багер ги пренесуваат телата на загинатите од рудникот во чамци на блиската река.
Спасувачките екипи тешко пристапиле до местото на несреќата поради непристапниот терен и присуството на криминални групи во областа.
Нарињо, кој се граничи со Еквадор, е познат како центар на нелегално ископување злато, каде што вооружени групи ја контролираат трговијата со овој благороден метал. Несреќите во нелегалните рудници се чести во Колумбија.








