Пари Сен Жермен веќе неколку сезони е најдобрата екипа во Европа и светот, клуб кој откако ја промени својата трансфер политика и одлучи да не купува ѕвезди туку асови кои се тимски и можат соодветно да одговорат во систем се функционира како што треба во поглед на резултатите и доказ за тоа се двата пехари во низа во Лигата на шампионите и пораката, обидот дека во оваа кампања одат да трета и израмнувањето на рекордот на Реал Мадрид (хет-трик).
„Светците“ сега погодуваат со трансферите, не се доведуваат играчи само за да бидат тука, но се прават и грешки и најдобар пример за тоа е Лука Шевалие. Лука бранеше на високо ниво во Лил и ПСЖ одлучи да го ангажира притоа откажувајќи се од Џанулуџи Донарума кој имаше огромен придонес за првата европска титула.
Шевалие треваше да биде новиот проект, единица на францускиот тим на долгорочни патеки, меѓутоа иако во почетоко добиваше шанса на крајот беше седнат на клупа поради лошите изданија, Матвеј Софонов изби пред него и сега Лука не само што „дреме“ на клупа во клубот туку и го изгуби статусот на репрезентативец на „галските петли“.
Поради ова Емануел Пети го советува да си замине од „Паркот на принцовите“.
- Очигледно е. Кога си спортист на високо ниво, компетитивен си и сакаш да играш. Не можеш да бидеш задоволен со тоа што си резерва во текот на целиот живот. Притисокот беше преголем за него. Тој не се подготви ментално за да се соочи со предизвиците на ПСЖ.
- Позицијата на голманот е посебна. Луис Енрике не му дава воопшто време за играње. Тој го изгуби местото во француската репрезентација и треба да се врати на теренот за да ја преземе контролата врз сопствената судбина. Шевалие апсолутно мора повторно да игра! Мора да си замине. Искрено не разбирам зошто е сè уште во составот. Сафонов ја има поддршката од менаџерот и ќе продолжи да биде голмано, - смета Пети.








