[ФОТО/ВИДЕО] Славниот актер тајно се оженил со 23 години помлада Французинка: Ја крунисале својата љубов по шест години врска

Точка

16/10/2026

17:34

584

Големина на фонт

а а а

Актерот Мартин Фримен (55) е познат по улогите во бројни филмски и телевизиски проекти, меѓу кои најпознати се „Хобит“, „Шерлок“, „Фарго“ и „The Office“.

Надвор од малите и големите екрани, тој ретко се појавува во јавноста и зборува за својот приватен живот, но сега повторно се најде во центарот на вниманието, откако светските медиуми пренесоа прекрасни вести.

Имено, актерот се појавил на премиерата на новиот филм „Долга зима“ со својата избраничка Рејчел Бенаиса (32), а сите забележале дека на раката носел златна венчална бурма, додека на раката на неговата партнерка блескал впечатлив свршенички прстен.

Портпаролот на актерот за британскиот весник „Сан“ потврдил дека парот тајно се венчал претходно оваа година, што значи дека по шест години одлучиле да ја подигнат својата врска на повисоко ниво.

Потсетуваме, пред да започне врска со 23 години помладата Французинка, Фримен бил во врска со актерката Аманда Абингтон, со која има две деца: Грејс (21) и Џо (18).


Мартин и Аманда биле заедно 16 години пред да се разделат во 2016 година, а актерката своевремено за списанието „Сандеј тајмс магазин“ изјави дека ја чувале својата разделба во тајност за да не ја нарушат организацијата на снимањето на серијата „Шерлок“, во која и двајцата глумеле.

„Кога се разделивме, никој не знаеше за тоа. Не му кажавме никому, освен на неколку клучни луѓе кои мораа да бидат информирани поради организацијата на хотелското сместување и други логистички прашања“, објаснила Аманда.


Таа додала дека поминале шест месеци пред јавноста да дознае за нивната разделба, дека во тој период се случувале многу работи, но дека на крајот успеале да најдат заеднички јазик и да останат пријатели, пред сè поради децата.

Мартин и Рејчел ја чуваат својата врска далеку од очите на јавноста, но познато е дека сегашната сопруга на актерот е многу блиска со неговите деца.


Освен тоа, многу малку се знае за нивната врска, но Фримен, за време на гостувањето во поткастот „Table Manners“, открил дека и тој и неговата партнерка сакаат да готват.

„Таа е голем љубител на сирење и вино. Така би се опишала себеси. Таа самата вели: ’Јас сум голем љубител на сирење и вино‘. Секако, тоа не е сè што ја карактеризира, но да, таа навистина ги сака тие работи. И двајцата сакаме да готвиме“, раскажал тогаш Мартин.