Првенецот на МНТ Ѓорѓи Јолевски е добитник на државната награда 23 Октомври

Макфакс

14/10/2026

12:30

165

Големина на фонт

а а а

Ѓорѓи Јолевски, првенец на Македонскиот народен театар, е награден со државната награда „23 Октомври“ за 2026 година, поради неговиот значаен придонес во македонската култура и уметност како театарски и филмски актер.

Првенецот на Македонскиот народен театар, Ѓорѓи Јолевски, е добитник на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година, за остварувања во областа на културата и уметноста.

Еден од истакнатите и афирмирани македонски театарски и филмски актери, Јолевски со својата долгогодишна посветеност на акторската уметност и сценските остварувања придонесува за развојот во македонската култура.

Државната награда „23 Октомври“ се доделува за долгогодишни остварувања во областа на науката, културата, образованието, заштитата на државните интереси и промоцијата на државните приоритети, вредности и културно-историското наследство од јавен интерес на нашата земја.