Променливо облачно време со дожд, грмежи и засилен ветер

Макфакс

11/10/2026

07:50

320

Големина на фонт

а а а

Во Македонија денеска ќе има променливо облачно време со локални врнежи од дожд, проследени со грмежи и засилен ветер. Температурите ќе варираат од 9 до 21 степен, а во Скопје се очекува нестабилно време со пороен дожд и грмежи.

Во Македонија денеска ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. На некои места врнежите ќе бидат поројни и пообилни, проследени со грмежи и засилен ветер.

Минималната температура ќе се движи од 9 до 15 степени, додека максималната ќе достигне од 17 до 21 степен.

Во Скопје ќе биде променливо облачно, со повремени врнежи од дожд. Во делови од котлината времето ќе биде нестабилно, со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 15 степени, а максималната ќе достигне до 19 степени.