Шасивари – Нгефа: Меѓународниот дијалог отвора нови перспективи за соработка

Макфакс

09/10/2026

16:35

163

Големина на фонт

а а а

Министерот за правда Јетон Шасивари и министерот за правда на Демократска Република Конго, Гијом Нгефа, во Истанбул учествуваа на Меѓународниот самит за правда и разговараа за современите предизвици и можности за соработка во правосудството.

Министерот за правда Јетон Шасивари оствари билатерална средба со министерот за правда на Демократска Република Конго, Гијом Нгефа, во Истанбул, каде што двајцата учествуваат на Меѓународниот самит за правда.

Средбата беше можност за непосреден разговор за состојбите во правосудството, институционалните искуства и предизвиците со кои се соочуваат државите во обезбедувањето ефикасна и достапна правда.

Различните правни системи и институционални искуства нудат можност за размена на гледишта за улогата на правосудството и значењето на владеењето на правото во современите општества.

Соговорниците ја истакнаа вредноста на отворениот дијалог и меѓусебното разбирање како основа за развивање контакти и разгледување можности за идна институционална соработка.