Алкарас загрижен за себе и Синер: Тенисот оди во погрешен правец

Дерби

09/10/2026

13:59

330

Големина на фонт

а а а

Згуснатиот распоред со голем број турнири и промената во квалитетот на топчињата направија да гледаме се повеќе побуни во „белиот спорт“, особено во две сезони во кои видовме повреди и на најдобрите во светот.

Тенисерите се погласно се бунат за напорниот распоред и постојаните промени во квалитетот и тежината на топчињата од турнир во турнир, па во низата жртви на таквите осцилации се најдоа и Карлос Алкарас и Јаник Синер.

Шпанецот паузираше четири месеци пред да се врати на терените, за Синер последен турнир во 2026-та година ќе биде Вимблдон, а лани тешка повреда заработи и Холгер Руне кој паузираше речиси 12 месеци

Сето ова делува доста загрижувачки во период кога дојде до јасна смена на генерации, па за тоа говореше и новиот шампион на турнирот во Токио, Карлито Алкарас.

– Една од работите на кои треба да обрнеме внимание е сè поголемиот број повредени играчи. Сметам дека понекогаш се бара премногу од нас, принудени сме да играме премногу турнири и натпревари и дека се надминуваат одредени граници. Верувам дека целата ситуација се движи во погрешна насока.

– Му посакувам сè најдобро на Јаник, се надевам дека ќе го искористи овој месец за закрепнување и дека ќе биде целосно подготвен за следната сезона. Се надевам дека наскоро ќе го видам, но сметам дека организаторите треба посериозно да разгледаат што им се случува на играчите на турнирите, – потенцира Алкарас во интервјуто за „ТНТ Спортс“.