Жозе Мурињо застана со одбранбен гард на денешната прес-конференција и целосно го заштити Килијан Мбапе од неоснованите напади кои ги доби од шпанските медиуми, најпрво за излегување во дискотека, а потоа и за возење велосипед додека е повреден.
Тренерот на Реал Мадрид денеска се соочи со шпанските новинари и им препорача повнимателно да известуваат кога изнесуваат некакви обвинувања, особено поради фактот што Килијан Мбапе во неговите очи важи за неверојатен професионалец кој внимава на своето тело.
Мбапе е достапен за игра и се очекува да биде во тимот против Вилјареал, а во низата изјави за одбрана за својата најголема ѕвезда на тимот, Мурињо говореше и за амбициите и големите очекувања кои се имаат во Реал Мадрид, по што направи една паралела со тоа што се случува во Арсенал.
– Видов дека Артета го продолжи договорот со Арсенал и прочитав интересна изјава од неговото прво излагање по потпишаниот договор. Кажа нешто што никогаш нема да се случи во Реал Мадрид, тоа е нешто недозволиво за тука.
– Тој кажа дека Арсенал е на самиот старт и дека ова е почеток за нив, иако во клубот е веќе со години. Амбициите и барањата се на друго ниво во Реал Мадрид, тоа е нешто што не се споредува со било кој клуб, – изјави Мурињо.








