[ВИДЕО] Дончиќ погоди луда лого-тројка во блескавата вечер против Сакраменто

Дерби

09/10/2026

12:43

274

Големина на фонт

а а а

Лука Дончиќ го одигра вториот натпревар во подготвителниот период за новата натпреварувачка сезона во САД, а новото одлично издание беше доволно Лејкерс да запише втора победа над Сакраменто.

Словенечкиот кошаркар минува низ стресен период поради проблеми во приватниот живот (разводот и правниот спор за неговите ќерки), но во оваа почетна фаза од месец октомври, може да се забележи дека тоа не влијае негативно на теренот.

Дончиќ беше убедливо најдобар играч на теренот рано утрово во триумфот на „езерџиите“, а погоди и една луда тројка од речиси половина терен.

Лого-тројката на ѕвездата на Лејкерс беше само еден од многуте добри потези кои ги понуди на теренот, па на крајот натпреварот го заврши со 23 поени, 3 скокови и 3 асистенции зад своето име.

НБА сезоната официјално стартува на 20-ти овој месец, а за Лејкерс ова беше трет натпревар во период од четири дена.