Карл Хајнц Румениге останува важен дел од Управниот одбор на Баерн Минхен и неговото мислење доста вреди кога се влечат круцијални потези за иднината, па како човек кој е запознаен со сето она што се води на спортски план, проговори и за темите кои се највозбудливи за фановите на клубот.
Иако во минатото своите најдобри играчи ги пронаоѓаше во Германија, Баерн во последните години максимално профитираше од трансфери на играчи кои пристигнаа од Премиер лигата, а примерите со Мајкл Олисе, Хари Кејн и Луис Диаз се најдобар доказ за тоа.
Последниот пристигна во Минхен минатата година, но првите двајца веќе неколку сезони се клучни фигури во тимот, па поради тоа, клубот сега има стратешка цел да ги обезбеди нивните потписи за помирна иднина во сезоните кои претстојат.
Баерн има отпочнато преговори со двете големи ѕвезди, а во периодот кој следи ќе се дознае во кој правец ќе заминат истите и дали брзо ќе се дојде до взаемен договор.
– И двајцата имаат намера долго да останат во Баерн. Се надевам, а и длабоко верувам, дека Хари наскоро ќе го продолжи договорот. А потоа и Мајкл. Би сакал да го видам како останува во Баерн уште многу години.
– Ние во Баерн можеме да се сметаме за вистински среќници што ги имаме Хари Кејн и Мајкл Олисе, играчи кои се меѓу главните кандидати за „Златната топка“. Тие се играчи од светска класа, а таквите фудбалери не растат на дрво. Веќе подолго време се исклучително важни за нас и тие се многу важни за нашата стратешка цел, – изјави Румениге.








