Нејмар се врати на терените по едномесечна пауза поради мускулна повреда, а тоа го направи во вистински момент и на натпревар кој внесе голема возбуда во бразилската елита.
Сантош е далеку од местата кои носат борба за првото место, но затоа Нејмар и соиграчите им ја расипаа забавата на гостите од Фламенго.
Лидерот на табелата имаше предност од 0:2 до самата завршница, но резервистот Нејмар направи голема разлика на теренот и со два погодоци предизвика хаос во домашниот шампионат.
Extraordinary 👽✨️ https://t.co/SkG0QvyYjl
— Team Neymar (@TeamNey10) October 9, 2026
Неј двапати реагираше максимално ладнокрвно од белата точка и погоди од пенал за 2:2 во самиот финиш (82 и 87 минута), но презентираше и неколку технички потези со кои само докажа дека е многу важен за Сантош кога е максимално фит.
Нејмар претставуваше голема опасност за играчите на Фламенго со своите дриблинзи и добри решенија, во во една соло акција надмудри тројца играчи на Сантош, а еден дури и натера да се удри во судијата.
Фламенго беше во серија од седум победи до оваа средба, а по ова реми, има само еден бод позитивна во однос на второпласираниот Палмеирас.








