По „Карамела“, со која Теа Трајковска го отвори својот нов музички „ASTRO“ свет, пристигнува второто поглавје од EP-то – „MI AMOR“, песна посветена на Девиците.
Овојпат инспирацијата доаѓа од Девицата – знак познат по својата прецизност, силниот карактер и вниманието кон деталите, но и по една посебна, често скриена емотивност.

Музиката и аранжманот се на Лазар Цветкоски, додека текстот го потпишува Андреј Трајковски – Тракер.
За Теа, „MI AMOR“ е песна што носи поинаква енергија од првата објавена песна од EP-то и ја продолжува приказната на „ASTRO“ во нов правец.

Визуелната приказна за песната е снимена на Миконос, а видеото е во изработка на Ивона Трајановска и Леона Трајковска. Преку препознатливиот амбиент на грчкиот остров, визуелниот свет на „MI AMOR“ ја следи атмосферата на песната и носи нова естетика во рамките на „ASTRO“.

„Карамела“ ја отвори приказната со Вагата, а „MI AMOR“ ја продолжува со Девицата. Така, една по една, Теа ги открива песните од „ASTRO“ и различните женски карактери што стојат зад нив, а следат уште две песни „Меѓу добро и зло“, инспирирана од Овенот, и „Ноќта нема крај“, посветена на Стрелецот.
Четири знаци, четири песни и четири различни приказни – дел од новиот музички свет на Теа Трајковска.








