Ова е најопасниот американски град за живеење во 2026 година: Криминалот не стивнува, а жителите стравуваат

Точка

24/11/2026

12:38

851

Големина на фонт

а а а

Безбедноста е еден од најважниот фактори при изборот на местото за живеење, а врз неа не влијае само стапката на криминал. Финансиската стабилност, ризикот од природни катастрофи и можноста секојдневниот живот да се одвива без поголеми неизвесности исто така имаат важна улога. Новото истражување открива кои градови се најбезбедни, но и кои се наоѓаат на самото дно на листата во 2026 година.

Според анализата што ја објави порталот „Visual Capitalist“, а која се заснова на податоците на истражувачката платформа „WalletHub“, безбедноста била проценувана во повеќе од 180 американски градови низ дури 41 различен показател.


Резултатите покажале дека на врвот се наоѓаат градови што можеби не се прв избор кога размислуваме за најпознатите светски дестинации, додека на спротивната страна се најдоа неколку големи урбани центри.

Најбезбедните градови во 2026 година

Првото место го зазеде Оверленд Парк во сојузната американска држава Канзас, со вкупна оценка од 70, 19 поени од можните 100. Станува збор за предградие на Канзас Сити кое посебно се истакнува со ниската стапка на криминал и добрата финансиска сигурност на жителите.

Според податоците наведени во анализата, во текот на 2025 година таму биле забележани само 166 насилни кривични дела на 100.000 жители, што е речиси половина од националниот просек. Исто така градот во текот на истата година не забележал ниту едно убиство.


На второто место се најде Вирџинија Бич во Вирџинија, со 69, 39 поени, додека третото место го зазеде Бојси во Ајдахо, со 68,5 9 поени.

Помеѓу десетте најбезбедни градови се најдоа и Јонкерс, Медисон, Хонолулу, Фремонт, Сијукс Фолс, Порт Сент Луси и Чендлер.

Десетте најбезбедни градови:

🟢Оверленд Парк – 70, 19 поени

🟢Вирџинија Биџ – 69, 39 поени

🟢Бојси – 68, 59 поени

🟢Јонкерс – 68, 23 поени

🟢Медисон – 68, 12 поени

🟢Хонолулу – 67, 62 поени

🟢Фремонт – 67, 52 поени

🟢Сијукс Фолс – 67, 44 поени

🟢Порт Сент Луси – 65, 01 поен

🟢Чендлер – 64, 83 поени.

Интересно е тоа што меѓу десетте најдобро рангирани градови се најде и Хонолулу, кој во текот на 2025 година забележал пад на вкупниот број на пријавени кривични дела за 16, 6 отсто.


Додека одредени градови се издвојуваат по високите оценки за безбедноста, други се соочуваат со сериозни предизвици.

Меѓу десетте најлошо рангирани се најдоа и Мемфис, Филаделфија, Детроит, Џексонвил, Хјустон, Кливленд и Сент Луис.

Десетте најлошо рангирани градови:

🔴Њу Орлеанс - 30,66 поени

🔴Батон Руж - 34,20 поени

🔴Балтимор - 36,70 поени

🔴Мемфис - 37,68 поени

🔴Филаделфија - 38,96 поени

🔴Детроит - 39,47 поени

🔴Џексонвил - 39,61 поен

🔴Хјустон - 39,93 поени

🔴Кливленд - 41,17 поени

🔴Сент Луис - 42,22 поени.

Особено се издвојува Луизијана, чии два градови, Њу Орлеанс и Батон Руж, ги зазедоа последните две позиции. Покрај проблемите со насилниот криминал, овие места се изложени и на ризици од урагани и поплави, што дополнително влијае на финансиската сигурност на жителите.


Њу Орлеанс во текот на 2025 година имал стапка на убиства приближно осум пати поголема од националниот просек, и покрај тоа што бил забележан пад на насилството.

Сепак, лошиот пласман не значи нужно дека безбедносната ситуација во некој град се влошува. Балтимор, на пример, во текот на 2025 година забележал најмал број на убиства во последните речиси 50 години, но и понатаму се наоѓа при дното на вкупната листа.

Безбедноста не е само прашање на криминалот

Она што ова истражување го прави особено интересно е фактот дека градовите не биле рангирани исклучиво врз основа на бројот на кривични дела.


Анализата опфаќа 41 показател што се однесуваат на личната безбедност, финансиската сигурност и ризиците од природни катастрофи. Тоа значи дека на конечната оценка влијаат и економските околности, како и можноста жителите да бидат погодени од екстремни временски непогоди.

Токму затоа град кој бележи напредок во намалувањето на криминалот не мора автоматски да заземе висока позиција на листата. Безбедноста е многу поширок поим, а квалитетот на животот зависи од комбинација на различни фактори.