Тио Волкот ја коментирал актуелната ситуација во Премиер лигата и пред се шансите на неговиот поранешен клуб Арсенал да ја одбрани титулата во новата сезона.
Волкот смета дека „топчиите“ поседуваат се што е потребно за да го одбранат трофејот, но во од мора да коригираат една слабост која може да им направи сериозен проблем.
– Мислам дека се ранливи на гостински терен.
– Ми се допаѓа Цолис, но од тоа што го видов на гостувањата, не бев многу импресиониран.
– Тешко е да блескаш на натпреварите кои екипата не ги игра пред своите фанови, секогаш има такви играчи кои се добри на тренинг или на домашен терен, но не се истакнуваат кога е најпотребно.
– Сепак, Арсенал поседува доволен квалитет за да може да освои нова титула, иако нема да биде лесно, посебно што ќе сакаат да триумфираат и во Лигата на шампионите, – рекол Волкот.







