Петмина рудари го загубија животот во северен Авганистан

Макфакс

03/10/2026

18:50

115

Големина на фонт

а а а

Најмалку пет рудари загинаа при уривање на рудник за злато во северниот дел на Авганистан, додека други рудари беа спасени од заробување минатата недела.

Најмалку пет рудари загинаа при уривање на рудник за злато во северната авганистанска покраина Тахар, објавија денеска локалните власти.

Рудникот се наоѓа во областа Шах Мастан во округот Шах Аб, изјави портпаролот на полициската команда на Тахар, Кари Накибулах Масрур, без да даде детали.

Масрур рече дека 10 рудари кои беа заробени два дена претходно во друг рудник за злато во областа Самти, исто така во округот Чах Аб, беа спасени претходно оваа недела.