Најпознатиот француски судија ќе дели правда на дуелот Македонија-Шкотска

Дерби

01/10/2026

12:05

270

Големина на фонт

а а а

Македонската фудбалска репрезентација забележа два пораза на стартот на новото издание на Лигата на нации, а следната шанса за позитивен резултат е дуелот со Шкотска.

Нашите најдобри фудбалери ќе ги пречекаат ривалите од Шкотска на арената „Тодор Проески“ во Скопје, во натпревар на кој Македонија пристигнува без бод, а шкотската репрезентација досега освои само еден.

УЕФА ги одреди судиите за натпреварот во Скопје и на центарот ќе биде најпознатиот француски судија, Франсоа Летексие.

Ќе му помагаат сонародниците Мињие и Рамуни, а главен ВАР судија ќе биде белгискиот арбитар Брам ван Дриш.

Летексие на Македонија и судеше на ремито со Италија на домашен терен во 2024 година, додека негов последен натпревар во Лигата на нации беше дуелот меѓу Норвешка и Португалија.

Натпреварот Македонија-Шкотска се игра во сабота од 20:45 часот.