[ВИДЕО] Победнички старт за Димитријевиќ и Арис во Еврокупот

Дерби

30/09/2026

12:27

276

Големина на фонт

а а а

Ненад Димитријевиќ и неговиот Арис со победа го започнаа настапот во Еврокупот во натпреварувачката 2026/2027.

Грчкиот тим е дел од групата А, а првиот предизвик беше француски Ле Ман кој беше совладан на негов терен со 87:74. Домаќините имаа фуриозен почеток и првите десет минути ги добија со 26:15.

Ова донесе будење кај избраниците на Спанулис кои од вториот период почнаа да играаат на повисоко ниво, па до крајот го надиграа противникот со 24:14, 25:15 и 24:19 за идеален почеток на европската приказна.

Димитријевиќ беше дел од почетната петорка и за 23 минути на паркетот реализираше 8 поени со 4 скока и 4 асистенции. Лидел со 19 кошеви беше најефикасен, додека кај поразените Стјуарт Џуниор беше автор на 17 поени.

Во второто коло Арис е домаќин на Сан Пабло Бургос.