[ВИДЕО] Шпанците му се поклонија: Модриќ доби овации и аплаузи од публиката на „Рамон Санчез Писхуан“

Дерби

30/09/2026

12:23

266

Големина на фонт

а а а

Лука Модриќ беше активен само во завршницата на вчерашниот меч против Шпанија во Лигата на нации, меч на кој неговата Хрватска не успеа да направи изненадување и загуби со 4-1.

И со ветеранот во почетната постава тешко дека Хрватите во овој момент би можеле да дојдат до подобар резултат (реми или победа), но колку Лука е почитуван и ценет во Шпанија најдобри говори сцената при неговото влегување во игра.

Навивачите во Севилја станаа од своите место и со аплаузи го дочекаат човекот кој долго време играше на Пиринеите.

Модриќ потоа се огласи на социјалните мрежи со кратка, ама јасна порака:

-Благодарам Шпанија-