Деклан Рајс не ја носи капитенската лента во Арсенал кога на теренот се играчи како Мартин Одегард и Букајо Сака, но со своите потези и реакции на теренот, секогаш изгледа како човек кој е вистински лидер на „топчиите“.
Рајс ги оправда сите вложени средства со партиите кои ги прикажа во изминатите три години и тој е убедливо најконстантниот фудбалер на Арсенал, не само поради тоа што го нуди на теренот, туку и поради фактот што речиси никогаш не е повреден.
Англискиот репрезентативец вчера имаше улога на додавач во акцијата која заврши со среќен гол на Нони Мадуеке, а подоцна имаше круцијално значење и во дефанзивен план.
Нотингем Форест жестоко притисна во обид да дојде барем до бод на натпреварот на „Сити Граунд“, но тоа не го дозволија играчите на Арсенал кои играа пожртвувано во одбрана.
Деклан Рајс имаше еден клучен блок по обид на Вуд во 89-та минута, а привлече внимание и со својата реакција која беше одбележана и од Премиер лигата.
Declan Rice loved this block 👊 https://t.co/4I3VQxFwsn
— Premier League (@premierleague) October 18, 2026








