Зошто АИ дата-центрите тешко стигнуваат до земјите во развој: Недостасуваат струја, кадри, капитал...

Точка

26/09/2026

18:14

381

Големина на фонт

а а а

Претседателот на Светската банка, Аџај Банга, изјави дека не постои реална перспектива за проширување на центрите за податоци со вештачка интелигенција на пазарите во развој, велејќи дека споделувањето на оскудните енергетски ресурси со системи со вештачка интелигенција би било несоодветно во тие земји.

Зборувајќи на панел-дискусија на „Блумбер“г за време на Неделата на климата во Њујорк, Банга изјави дека изградбата и работењето на центрите за податоци бараат големи компјутерски капацитети и огромни количини електрична енергија, кои во некои случаи ги надминуваат потребите на некои развиени земји.


Кои се ограничувањата на земјите во развој?

Покрај стабилната енергетска мрежа, Банга посочи неколку други клучни пречки со кои се соочуваат неразвиените пазари и земјите во развој.

Според него, одржувањето на центрите за обработка на податоци бара масовен и слободен проток на податоци, високо обучен персонал кој ја разбира примената на технологијата, како и значителен капитал, што се услови што многу малку од овие земји ги исполнуваат.

Изјавите на првиот човек на Светската банка доаѓаат во време кога се води глобална дебата за влијанието на вештачката интелигенција врз животната средина и енергетските системи.

Предупредувања врз основа на моменталната состојба

Меѓународната агенција за енергија (ИЕА) очекува потрошувачката на електрична енергија во центрите за податоци да се удвои до крајот на деценијата, со што овие објекти ќе сочинуваат околу три проценти од вкупната глобална побарувачка на електрична енергија до 2030 година.


Масовната изградба на инфраструктура за вештачка интелигенција веќе предизвикува јавно негодување и во развиените земји, каде што локалните заедници и индустријата се соочуваат со преоптоварени електрични мрежи, зголемена потрошувачка на вода за ладење на сервери и окупација на големи површини земјиште.