Градоначалникот на Њујорк го истрола Сити и ги збуни американските фанови

Дерби

26/09/2026

13:27

258

Големина на фонт

а а а

Манчестер Сити е соочен со ригорозна казна поради потврдените неправилности во своето работење изминатиот период, а таквата информација донесе воодушевување кај фановите на ривалските клубови и посебно оние кои беа зад Сити во трката за голем број трофеи.

Очекувано, меѓу најгласните на социјалните мрежи се навивачите на Арсенал, кои очекуваат дел од трофеите да им бидат префрлени на „топчиите“, а информацијата од Англија не остана без коментар и од еден од најголемите фанови на лондонскиот клуб на американска територија.

Се работи за актуелниот градоначалник на Њујорк, Зохран Мамдани, кој преку „Икс“ испратил кратка и јасна порака со бројката 114, која се однесува на бројот на потврдени финансиски прекршоци кои ги направил Сити според независниот панел.

Интересно е што Мамдани ги збуни своите американски следачи, кои очекувано не се толку информирани за актуелната вест на англиската фудбалска сцена, па заработи и секакви коментари кои не се поврзани со фудбалот.