Како што се приближува датумот за доделување на „Златната топка“, се повеќе се издвојуваат три имиња од експертите и светските медиуми, а тоа се Ламин Јамал, Килијан Мбапе и Хари Кејн.
Претпоставките се дека тројцата ќе водат тесна битка за најпрестижното индивидуално признание, па во период кога секој од нив даваше изјави на оваа тема, сега пристигна една и од Шпанец кој освои се што можеше да се освои во сезоната која измина.
Фабијан Руиз беше посочен како „нова Златна топка“ од Луис Енрике на првиот собир кој го имаше Шпанецот по Светското првенство, па ако се суди според освоените титули, играчот за врска дефинитивно треба да биде број еден по собрани поени.
Руиз освои се што може да се освои во Франција, славеше во Лигата на шампиони, а одигра важна улога и на Светското првенство на кое Шпанија стигна до втора ѕвездичка.
– Јас сум играчот со најмногу освоени титули, зошто да не ја освојам „Златната топка“? Зошто да не сонувам за индивидуалното признание?
– Не можам да побарам повеќе од тоа што го остварив, освоив се што може да се освои. Изминатите две-три години се многу добри за мене, освои две титули во низа во Лигата на шампионите, а ги освоив и двете најважни титули на репрезентативен план, Светско и Европско првенство, – изјави Фабијан.







