Усман Дембеле веќе освои една „Златна топка“ и за разлика од останатите главни фаворити за годинешната награда, не е посебно ангажиран во правење агресивна кампања со која би си ги зголемил шансите за уште еден ваков индивидуален успех.
Францускиот репрезентативец во последното интервју истакнал дека кога потпишал за ПСЖ имал една јасна цел, а таа не била поврзана со индивидуалните успеси.
– Освојувањето индивидуална награда како „Златната топка“ е неверојатно искуство, но кога потпишав за ПСЖ, моја главна цел беше да ја освојам Лигата на шампионите.
– Веќе го направивме тоа два пати и сакаме да продолжиме во ист стил, тоа е најважна работа за мене и за екипата.
– Сеќавањата кои ги оставаме за фановите и сите парижани се вистинска победа за мене, исто како и незаборавните моменти со соиграчите, – потенцирал Дембеле.








