Аморим му заштедил сериозна сума на Јунајтед со ангажманот во Милан

Дерби

24/09/2026

09:28

279

Големина на фонт

а а а

Рубен Аморим ја продолжи низата на менаџери на Манчестер Јунајтед кои не останаа долго во клубот и не успеаја да ги донесат посакуваните резултати на „Олд Трафорд“, но брзото наоѓање нов ангажман спасил сериозна сума за премиерлигашот.

Манчестер Јунајтед ги објави финансиските резултати за последната фискална година и од нив се гледа дека фактот што португалскиот стручњак станал тренер на Милан значел заштеда од 8,2 милиони фунти во вид на отштета кон него и стручниот штаб.

Претходниот извештај навести дека за Аморим и асистентите ќе бидат издвоени уште 16,7 милиони фунти, но сега таа сума е намалена речиси половина, а причина е што тренерот веќе пронашол нов ангажман и нема право да ја добие целата предвидена сума од Јунајтед.

Во однос на вкупните трошоци, загубата на клубот се зголемила од 33 на 43 милиони фунти и покрај фактот што Јунајтед пријавил рекордна заработка од последниот финансиски период.

Од извештајот се гледа и дека Јунајтед потрошил 63,5 милиони фунти за да обезбеди најголем дел од земјиштето на кое планира да изгради нов стадион со капацитет од 100.000 гледачи.