Жоао Феликс е далеку од времето кога важеше за еден од најголемите фудбалски таленти во Европа, но дури и како човек кој веќе некое време настапува во Саудиска Арабија, се уште будно ги следи сите важни случувањата на стариот континент.
Феликс се врати во родната земја за португалскиот собир и новата ера која ја започнува репрезентацијата со селекторот Жезус, меѓутоа, некогашната ѕвезда на Атлетико Мадрид се осврна и на тема која станува се поактуелна како што се приближува месец октомври, а тоа е „Златната топка“.
Светската јавност издвои три имиња кои треба да бидат во потесен круг за престижното признание, но според Феликс, наградата треба да заврши во рацете на Ламин Јамал.
– Отсекогаш сум го бранел ставот според кој „Златната топка“ му се дава на фудбалерот кој е вистинска ѕвезда. Ако постои еден играч поради кој го палите телевизорот и кој прави да бидам „врзан“ пред телевизор, тоа е Јамал.
– Вистината е дека Мбапе и Кејн имаа извонредна сезона, но Ламин е фудбал. Кога го гледате него, гледате фудбал. Исто така, огромен аргумент му е и светската титула. Во година кога се игра Светско првенство, играчот кој ќе го освои е поблиску до „Златната топка“, – прогнозира Феликс.








