Родри откри од кој играч на Барса е посебно импресиониран. Од него сум најмногу изненаден

Дерби

24/09/2026

09:24

288

Големина на фонт

а а а

Родри успеа да ја освои титулата на Светското првенство со осум фудбалери кои доаѓаа од редовите на Барселона, па тоа дополнително му ја олесни аклиматизацијата во новиот клуб, која мора да се каже дека оди во најдобар тек.

Искусниот играч за врска пристигна во тим во кој познава добар дел од најдобрите играчи, а иако знаеше што може да го чека на „Камп Ноу“, сега самиот вели дека останал посебно изненаден од квалитетот на еден фудбалер.

Во интервјуто за „Онда Серо“, Родри потенцира дека останал фрапиран од квалитетот кој го покажува Бразилецот Рафиња, кој во првите седум рунди успеа да постигне дури 12 голови како „лажна деветка“ во системот на Ханси Флик.

– Педри и Рафиња се играчите кои треба да бидат на листата на номинирани за „Златна топка“, но за жал не се наоѓаат на неа.

– За мене, Педри е еден од најдобрите играчи во светот, а Рафиња е играчот од кој сум најпријатно изненаден откако пристигнав во Барселона, – открива Родри.