Зинедин Зидан во текот на денешниот ден треба да го објави првиот список на повикани фудбалери како селектор на националниот тим, но уште пред да дојде на ред првата листа и воведниот собир на репрезентацијата, наследникот на Дидие Дешамп решил да привлече внимание со некои новитети во репрентацијата.
Легендарниот Зизу решил да имплементира неколку промени кои се разликуваат од етапата на неговиот претходник, а истите воглавно се однесуваат кон задржување на приватноста на фудбалерите.
Како што информираат угледните француски медиуми, Зидан првата голема промена ќе ја направи со објавувањето на списокот на повикани фудбалери, случување на кое нема да бидат присутни новинари и камери од било кој медиум.
Зидан сака да ја задржи приватноста и листата ќе ја сподели преку официјалните канали на Француската Федерација, а и прес-конференцијата ќе се емитува исклучиво преку службените канали на ФФФ.
За време на 14-годишниот мандат на Дешамп, телевизиските куќи имаа право да снимаат и да објавуваат детали од прес-конференцијата, но овој тренд засега е стопиран и се верува дека Зидан ќе постави нови стандарди.
Исто така, Зидан го укинал и традиционалното собирање на медиумите пред тренинг кампот Клерфонтен, од каде досега стандардо се пренесуваа пристигнувањата на фудбалските ѕвезди и посебен фокус се ставаше на нивните чудни стајлинзи со кои пристигнуваа во базата на националниот тим.








